Изминатиов период добивме доста прашања поврзани со тоа која е разликата помеѓу органскиот и природниот/конвенционалниот мед. Затоа решивме подетално да ја објасниме разликата во оваа кратка статија.

На почетокот мора да кажеме дека сме горди што сме единствената компанија во Македонија која произведува органски мед. Органскиот мед на Флорео потекнува од најчистите еколошки средини во Македонија – селото Вепрчани во областа Мариово.

За Органското производство и преработка, поседуваме сертификат од акредитирано тело во РСМ, ПРОЦЕРТ Контрола и сертификација ОКС, кое извршува контролирање на пчелните семејства и преработката на органските производи.

Е сега, да се вратиме на одговорот на прашањето: Која е разликата помеѓу органскиот и природниот (конвенционалниот) мед?

Како прво, разликата помеѓу Органскиот Мед и Природниот Мед не е во вкусот и мирисот. За да се произведе органски мед е потребно многу повеќе работа. Средината каде што се произведува не смее да е загадена и не смеат да се третираат пчелните семејства со препарати на хемиска база (Кои се применуваат при конвенционалното одгледување на пчелни семејства).

Второ, целта на органското производство на пчелни производи не е во количината, туку во нивната здравствена исправност. Се тежнее кон производство на здравствено безбедна храна без присуство на пестициди и други отровни материи.

Значи органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност, не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на неговата здравствена исправност постојат значителни и многу важни разлики. Органскиот начин на пчеларење инсистира повеќе кон виталната улога на пчелите во многу екосистеми.

На крај, откако се врши центрифугирање на медот, се прави испитување и се добива Сертификат за Органски Производство. Со тоа се гарантира квалитетот.