Деновиве, соочени со една од најголемите здравствени кризи на нашата генерација, сфаќаме дека имунитетот е нашето најскапоцено богатство. Денес, сите сфаќаме дека нашиот најголем сојузник во борбата против вирусите е токму нашиот имунитет. Колку е тој послаб, толку сме поизложени на ефектите од болеста, а колку нашиот имунитет е посилен, толку полесно можеме да ја победиме болеста.

Клиничко истражување покажува колку медот е корисен за здравјето и имунитетот

Научно истражување објавено во април 2017 година од страна на Американскиот Национален Институт за Јавно Здравје покажа дека медот не само што е најздравата храна која ни ја дала природата, туку и влијае позитивно при лекувањето на многу болести и инфекции. Во овој текст ќе наведеме само извадоци од целата студија, која може да ја прочитате на следниов линк.

Научниците на почетокот го наведуваат следново (цитат):

„Според современата научна литература, медот може да биде корисен и има заштитни ефекти за третман на разни болести како што се дијабетес, респираторни заболувања, гастроинтестинални, кардиоваскуларни и нервни заболувања, па дури е корисен и во третманот на рак затоа што во медот се присутни многу видови на антиоксиданти. Како заклучок, медот може да се смета како природен терапевтски агенс за разни лековити цели. Постојат доволно докази кои препорачуваат употреба на мед за справување со многу болести. Врз основа на овие факти, препорачливо е употреба на мед во клиничките одделенија.“

Медот е природен производ кој доаѓа од нектарот на растенијата и е создаден од пчелите (Apis mellifera; Семејство: Apidae). Медот го користеле луѓето уште од античко време, пред скоро 5500 години. Повеќето антички народи вклучително и Грците, Кинезите, Египќаните, Римјаните, Маите и Вавилонците, консумирале мед како за исхрана, така и поради неговите лековити својства. Медот е единствениот природен производ добиен од инсекти и има хранливи, козметички, и медицински придобивки. Медот се смета како урамнотежена диета и е подеднакво корисен за мажите и жените од сите возрасти. Медот нема потреба од ладење, никогаш не се расипува, а може да се чува и неотворено на собна температура на суво место.

Медицински и терапевтски придобивки од медот

Студијата продолжува објаснувајќи ги детално хранливите компоненти на медот, но и целосната структура на хемиските соединенија кои го сочинуваат медот.

Понатаму е објаснета биолошката активност на медот, т.е. неговата анти-оксидантна активност, неговата антимикробна активност, апоптопска активност (важна во борбата против ракот), и за крај неговата антивоспалителна и имуномодулаторна активност.

Сепак, она што сакаме да го издвоиме во овој текст, а е превземено од студијата се медицинските и терапевтските придобивки од медот.

Медот и раните

Научниците наведуваат дека медот е најстариот агенс познат на човештвото за заздравување на раните, дури поефикасен и од некои современи лекови.

„Експерименталното истражување илустрираше повеќе документи кои ја поддржуваат неговата употреба во заздравувањето на раните, поради неговите биоактивности, вклучително антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни и антиоксидантни активности“ – наведуваат научниците во студијата.

Дополнително, тие наведуваат дека многу докази укажуваат на корисноста од употреба на мед при контрола и третман на акутни рани, за благи до умерени, површни и делумни изгореници.

Медот и дијабетесот

Постојат силни докази што укажуваат на корисните ефекти на медот во третманот на дијабетес мелитус. Овие резултати ги посочуваат терапевтските изгледи за употреба на мед или други моќни антиоксиданти како додаток на стандардни антидијабетични лекови за контрола на дијабетес мелитус.

Кај пациенти со дијабетис, медот може да предизвика значително намалување на нивото на гликоза во плазмата наспроти декстран.

Медот и ракот

Научниците наведуваат дека, многу тековни студии покажуваат дека медот може да изврши антиканцерогени ефекти преку неколку механизми.

„Истражувањата покажаа дека медот има антиканцерогено својство преку мешање во повеќекратни патокази за сигнализирање на клетките, вклучително и предизвикување на апоптоза, антимутагена, антипролиферативна и антиинфламаторна патека. Медот ги менува имунитетните реакции.“

Медот и астмата

Медот најчесто се користи во народната медицина за лекување на воспаление, кашлица и треска. Сепак и многу клинички испитувања ја докажаа способноста на медот да дејствува во намалување на симптомите поврзани со астма или како превентивно средство да ја спречи индукцијата на астма. Во неколку клинички случаи, хроничниот бронхитис и бронхијалната астма биле третирани со орална консумација на мед. Понатаму, студија спроведена од Камарузаман и соработниците, покажала дека третманот со мед ефикасно го спречува воспалението на дишните патишта предизвикани од овалбумин преку намалување на хистопатолошките промени поврзани со астмата во дишните патишта и исто така ја инхибира индукцијата на астма.

Медот и кардиоваскуларните болести

Антиоксидансите присутни во медот, како што се флавоноиди, полифенолии, витамин Ц и монофенолици, можат да бидат поврзани со намален ризик од кардиоваскуларни проблеми. Во коронарна срцева болест, заштитните ефекти на флавоноидите како што се антиоксиданс, антитромботични, антиисхемични и вазорелаксанти и флавоноиди го намалуваат ризикот од корорнарни срцеви нарушувања преку три механизми: (а) подобрување на коронарна вазодилатација, (б) намалување на можноста за тромбоцити во крвта до згрутчување и (в) инхибирање на липопротеини со мала густина од оксидирање.

Медот и невролошките заболувања

Постои важна научна литература за илустрација на нутриционистички агенси како нови невропротективни терапии, а медот е еден од таквите ветувачки нутритички антиоксиданти. Медот предизвикува анксиолитички, антидепресивни, антиконвулзивни и антиконцептивни ефекти и ја подобрува оксидативната содржина на централниот нервен систем.

Медот и гастроинтестиналните заболувања

Медот се сугерира како потенцијално корисен за разни состојби на гастроинтестиналниот тракт, како што се пародонтот и други орални нарушувања, диспепсија и како дел од оралната терапија за рехидратација.

Заклучоци од студијата

На крајот на студијата, која може да ја прочитате на следниов линк, тројцата автори го заклучуваат следново:

„Постојат доволно докази кои препорачуваат употреба на мед за справување на многу болести. Студиите откриваат дека медицинскиот ефект на медот може да се должи на неговите антибактериски, антиинфламаторни, апоптотични и антиоксидантни својства. Оваа студија треба да им обезбеди на лекарите извонреден доказ за употреба на медот во медицината… Сепак, потребни се повеќе студии за да се покријат сите лековити аспекти на медот.“

Имајќи ги во предвид сите овие позитивни ефекти на медот, за кои да бидеме искрени, пред да ја прочитаме студијата ниту ние не бевме целосно свесни, најтопло ви ги препорачуваме медните производи на Флорео, кои се создадени во една од најчистите еколошки средини во Македонија, селото Вепрчани во областа Мариово.