Прочитајте ги правилата за процесот на регистрација и права на субјектите на лични податоци
Правила за процесот на регистрација
На нашата веб страна www.floreo.mk може да ги погледнете производите кои ги продаваме. Доколку сакате да купите одреден производ, ја внесувате бараната количина и кликате на копчето „Додај во кошничка“.
На нашата веб страна може да купувате и да правите нарачки без креирање на кориснички профил. Нарачката ја правите со внесување на следниве податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Населено место
- Општина
- Поштенски број
- Телефон
- Емаил адреса
На крај имате опција да изберете „Плаќање по достава“ или „Плаќање со картичка“. Доколку изберете „Плаќање со картичка“ и кликнете „Нарачај“ ќе бидете пренасочени на сигурен портал (веб страна) на Casys каде ќе може да го извршите плаќањето.
Права на субјектот на лични податоци
Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:
Назив: Друштво за производство, трговија транспорт и услуги БИОТИКО ДОО Кавадарци
e-mail: contact@biotiko.com
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Александар Ѓелевски
e-mail: aleksandar.gelevski@yahoo.com
Телефонски број: +38977741673
Нашата визија за заштита на личните податоци
Биотико да е контролор на лични податоци кој има воспоставено систем за заштитата на личните податоци. Биотико да во својство на контролор на личните податоци врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на своите
корисници, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци.
Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци
- БИОТИКО ДОО да ја обработува Вашата електронска пошта (е-маил) – за електронско известување;
- БИОТИКО ДОО ја обработува Вашата електронска пошта (емаил), за доставување на новости поврзани со Флорео (newsletter).
- БИОТИКО ДОО ја обработува Вашата електронска пошта (емаил), телефонски број, име и презиме и адреса за достава на продукти;
- БИОТИКО ДОО ги обработува Вашите лични податоци за да врши комуникација со надлежни државни инстутции во законоски предвидена постапка.
Рокови на чување на Вашите лични податоци
Вашата електронска пошта (е-маил) која се обработува од страна на БИОТИКО ДОО да за цели на доставување на редовни известувања ќе се обработува и чува се додека постои законска обврска за доставување редовно известување. Вашето име и презиме, електронска пошта (емаил), адреса на живеење и телефонски број кои се обработуваат за цели на директен маркетинг ќе се обработуваат и чуваат се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.
Кои се Вашите права?
Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право напристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на
офицерот за заштита на лични податоци: Александар Ѓелевски.
Доколку сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијатаза заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
БИОТИКО ДОО,
јануари 2022