10%

Органски Планински Мед (720гр.)

Органскиот планински мед на Флорео потекнува од недопрените планински предели на регионот Мариово. Пчелните семејства се наоѓаат на 3 локации во близина на селото Вепрчани. Се карактеризира со својот извонреден појак вкус и арома. Бојата на планинскиот мед е од темно црвена до нијанси на кафена. Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства.

Органскиот планински мед се добива од разновидни незагадени планински растенија кои изобилуваат со лековити својства. Планинскиот мед има јако антивоспалително и антибактериско дејство. Се користи за јакнење на имунитетот и при проблеми со респираторниот систем. Помага во лекување на кашлица, воспалувања на грлото и синусите.

594 ден

Add to wishlist
Категорија:

Овој мед е произведен според прописите за органско пчеларење и истиот е контролиран и сертифициран од соодветно сертификационо тело.

Целта на органското производство на мед и други пчелни производи не е во количината туку во нивната здравствена исправност. Имено, се тежнее за производство на здравствено-безбедна храна без присуство на резидуи. Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на здравствената исправност постојат значителни и многу важни разлики.

Органскиот начин на пчеларење инсистира на минимална интервенција на пчеларите и во прв ред ги има пчелните семејства и нивната витална улога во многу екосистеми. Како еден од предусловите за пристап на органското пчеларство се наведува изборот на раса на медоносна пчела. Имено треба да се земе во предвид способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животна средина, нивната виталност и отпорност према болести. Предност се дава на користењето на европските раси Apis mellifera и нивните локални екотипови како што е тоа случајот во нашта земја и нашите пчелни семејства – Apis mellifera macedonica.

Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површината со медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите трба да одговараат на условите на органското производство што е регулирано со пропис, дека пчеларниците мораат да бидат оддалечени минимум 3 км од било какви извори на загадување.

Вештачката исхрана на пчелите е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред почетокот на следната сезона. Шеќерот кој се користи за правење на храна исто така треба да биде во склад со правилата на органското земјоделство односно исклучиво органски шеќер може да се користи во овие ситуации.

Превенцијата од болести во органското пчеларското производство се заснова на селекцијата на резистентни раси и видови, вклучувајќи и постапки со кои се зголемува отпорноста према болести, како што се на пр: редовна замена на матици, систематска контрола на кошниците и трутовите, редовна дезинфекција на материјалот и опремата, редовна замена на пчелниот восок и обезбедување на доволно резерви на мед и полен во кошниците.

За разлика од конвенционалното производство, во органското производство на мед не се за употребуваат пестициди и други отрови кои не се во согласност со прописите за превенција од болести и заштита на пчелите.

ФЛОРЕО-Органскиот Мариовски Планински Мед е идеален за сите возрасни групи особено за лицата кои се во постојана активност во текот на денот. Уживајте во карактеристичниот вкус кој содржи богат извор на минерали потребни за телото.