Дали медот Флорео е органски и од каде потекнува?

Како бренд Флорео нудиме и природен/конвенционален и органски мед. Органскиот мед потекнува од најчистите еколошки средини во Македонија – селото Вепрчани во областа Мариово. Горди сме да кажеме дека ние сме единствената компанија во Македонија која произведува органски мед.

За Органското производство и преработка, поседуваме сертификат од акредитирано тело во РСМ, ПРОЦЕРТ Контрола и сертификација ОКС, кое извршува контролирање на пчелните семејсва и преработката на органските производи.

Прашање Која е разликата помеѓу природен и органски мед?
ОдговорРазликата помеѓу Органскиот Мед и Конвенционалниот/Природниот не е во вкусот и мирисот. За да се произведе органски мед е потребно многу повеќе работа. Средината каде што се произведува не смее да е загадена и не смеат да се третираат пчелните семејства со препарати на хемиска база (Кои се применуваат при конвенционалното одгледување на пчелни семејства).

Целта на органското производство на пчелни производи не е во количината, туку во нивната здравствена исправност. Се тежнее кон производство на здравствено безбедна храна без присуство на пестициди и други отровни материи.

Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност, не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на неговата здравствена исправност постојат значителни и многу важни разлики. Органскиот начин на пчеларење инсистира повеќе кон виталната улога на пчелите во многу екосистеми.

На крај, откако се врши центрифугирање на медот, се прави испитување и се добива Сертификат за Органски Производство. Со тоа се гарантира квалитетот.

Прашање Дали можам да платам со картичка и колку е безбедно?
ОдговорДа може да платите со картичка онлајн и плаќањето е целосно безбедно. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од УНИБанка АД Скопје од страна на CaSys International. CaSys ја поддржува традиционалната автентикација на сопственикот на картичката со CVV2 / CVC2, но и обезбедува 3D безбедна автентикација. Ова обезбедува дополнителна безбедност при обработката на работењето со картичките и ги намалува можностите за измама.
Прашање Дали нудите достава до дома, колку чини и за колку време стигнуваат производите?
ОдговорДа, нудиме достава и до дома преку Карго Експрес за што се доплаќа 120 денари. За купени производи во вкупна сума од над 2000 денари, доставата е бесплатна. Во однос на времето за достава, од моментот на нарачка, утврдениот рок на испорака е најдоцна до 5 работни дена, но најчесто времето на испорака изнесува 3 работни дена.
Прашање Дали е можно враќање на производот и враќање на парите?
ОдговорДа, овозможуваме рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.floreo.mk, под условите кои се наведени на страната Рефундирање на средства.