Органски македонски мед од најубавите предели на Мариово

Одгледувањето на пчелни семејства претставува наша семејна традиција повеќе од половина век. Оваа љубов кон пчелите и пчеларството, е започната од нашиот дедо, како самостоен пчелар. Ние денес ја продолжуваме традицијата со несмалена љубов и ентузијазам.  Така во 2005 година е основана компанијата ЗОРАЛЕК која го носи името на двајцата браќа Зоран и Александар. Пред основањето на компанијата поседувавме околу 200 пчелни семејства лоцирани во една од најчистите еколошки средини во Македонија – селото Вепрчани во областа Мариово.

Во 2006 година започнуваме да ги одгледуваме своите пчелни семејства според стандардите за Органското производство и наскоро добиваме сертификат, со што стануваме прва компанија во Македонија за производство на Органски мед и Пчелни производи. Паралелно се насочуваме кон инвестирање и изградба на Објект за производство и пакување на нашите производи.

За неколку години успеавме да формираме околу 500 пчелни семејства на неколку пчеларници, во рурални средини и ги одгледуваме според стандардите на Органското пчеларство. Во 2013 година добивме одобрение за употреба на нашиот производен погон од Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија и дозвола за извоз во другите земји. Со производство и пакување на мед и пчелни производи започнуваме во 2014 година и истите ги пласиравме по продажните места во Македонија.

Во 2015 година е создаден брендот Флорео, кој стана синоним за висококвалитетен и природен македонски мед. Во 2020та ја отвараме и првата онлајн продавница за мед во Македонија www.floreo.mk.

Цврсто веруваме во тоа дека здравата храна повеќе не треба да биде само луксуз на неколкумина, туку треба да биде достапна за секого. Нашата мисија и цел е медот Флорео, како природна здрава храна, да биде достапен во секој дом и во секое семејство во Македонија.

Нарачај онлајн и заштеди до 5%

Брза и ефикасна достава

Брза и ефикасна достава

Достава за 3 работни дена од денот на нарачката преку карго.
24/7 онлајн подршка

24/7 онлајн подршка

Пишете ни во било кое време, ние сме тука да ви помогнеме.
Едноставно плаќање

Едноставно плаќање

Едноставен и безбеден начин на плаќање онлајн со картичка, или по достава.