Деновиве многу од нашите потрошувачи ни споделија нивни рецепти за тоа каде и како го користат органскиот мед на Флорео. Денес го испробавме и сакаме да ви го споделиме овој брз и едноставен рецепт за банана чиа пудинг.

Знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот и тој ни е битен пред се за снабдување на организмот со потребната енергија за позитивно стартување на денот.

Банана чиа пудингот е брз, едноставен, лесен за подгототвка, но во исто време и супер здрав појадок. Ова се состојките кои ви се потребни:

Начин на подготовка

Изгмечете ја бананата со вилушка, додајте чиа семе, какао и мед.

Додајте го млекото и мешајте додека да добиете соединета смеса.

Оставете да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Повремено промешувајте.

Украсете со кругови банана и мед и послужете.

Уживајте!