Идејата и приказната за квалитетната и органска македонска храна која полека ги освојува пазарите низ светот, и особено растечкиот арапски пазар, полека стануваат реалност. Македонскиот органски мед Флорео, произведен во дивите, тешко пристапни и еколошки најчисти предели на Мариово, моментално се продава и конзумира на трпезите во Саудиска Арабија.

Саудијците, ќе имаат можност да уживаат во македонскиот мед произведен во прекрасните македонски планини на автентичен и органски начин.

Floreo izvoz vo Saudiska Arabija

После цела една година преговори, со големо задоволство и гордост може да кажеме дека медот Флорео се продава и во Саудиска Арабија. Ова е прв поголем извоз на палетата производи од брендот Флорео и прв извоз на македонски органски мед во Саудиска Арабија.

Во првата пратка до пристаништето во Џеда беа испратени следниве Флорео производи: Oргански планински мед, Oргански ливадски мед, Имуно мед, Ѓумбир мед, Цимето мед и Чоко мед. По желба на саудиската компанија увозник, беа нарачани најмногу тегли од 250 грама, како и тегли од 720 грама.

За почеток, Флорео производите ќе се продаваат во продавници за здрава храна во Џеда и Ријад, а доколку се оди според планот, во подоцнежната фаза и во поголемите ланци на супермаркети во Саудиска Арабија.

Floreo izvoz vo Saudiska Arabija

Она што пред три години беше само идеја, на 4ца млади претприемачи, полека се остварува во реалност. Битико, како компанија создадена во 2019-та година, беше инспирирана и поттикната од идејата дека спојот на производители на квалитетен органски мед со дигитална маркетинг агенција, може да резултира со една синергија, која ќе донесе подобро развиен бренд, кој ќе може да се натпреварува на пазарите во странство.

Тимот, кој подоцна беше проширен за уште еден член кој помогна во наоѓањето на саудискиот клиент, најпрво започна со редизајнирање на етикетите и целокупната брендинг стратегија на Флорео. Беше креирана и првата онлајн продавница за мед во Македонија, а беа создадени и бројни маркетинг материјали (брошури, видеа, фотографии).

Секако, слушајќи ги забелешките и коментарите од купувачите, беа усовршени и подобрени и самите производи.

Дополнителен поттик беше и поддршката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое преку програмата „Поддршка за потикнување на земјоделското производство“ субвенционираше инвестиција во машина за етикети и лот броеви.

Ова е голем успех и за Македонија генерално, бидејќи со ова потврдуваме дека сме земја која има исклучително квалитетени органски производи и потенцијал за извоз.

Тимот на Флорео не застанува тука. Целта е да се зголеми извозот во Саудиска Арабија и да се етаблира брендот на тој пазар, но и на останатите пазари од Блискиот Исток.